Веб страницата на Општина Карпош (karpos.gov.mk) е прогласена за трет најдобар сајт за 2021 година, во категоријата најдобар сајт за владини/државни институции, според изборот кој го спроведе дигиталната маркетинг агенција Media Solutions. При изборот за своите омилени сајтови во 22 различни категории гласаа вкупно 9.219 корисници, а номинирањето траеше до 13 февруари.
Првото место, односно најмногу гласови во категоријата најдобар сајт за владини/државни институции, доби веб страницата на Управата за хидрометеоролошки работи (uhmr.gov.mk), додека пак втората позиција и припадна на Националната галерија (nationalgallery.mk). Инаку, изборот на Сајт на годината се одржува традиционално од 2010 година и функционира на системот на себеноминација.
Извор: Општина Карпош