spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Бизнис Форум

Валандово: Бизнис Форум

? Општина Валандово го организира и најавува новиот Бизнис Форум на кој ќе учествуваат Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска и претставниците од локалниот бизнис.

Бизнис форумот, ќе се одржи во Домот на култура „25 Мај“ – Валандово на 16.03.2022 година (среда), во 12:00 часот, и на истиот ќе се работи по следниве теми:

? Нови економски предизвици, можности и цели;
? Даночната политика – партнер на бизнис секторот;

? Локалните компании ќе можат да ги отворат сите прашања кои го засегаат нивниот бизнис и да дискутираат за новите предизвици со кои се соочуваат како претприемачи, во време на здравствена, економска и енергетска криза.

? Ги вмрежуваме институциите и бизнисот, создаваме пракса на директна комуникација и заеднички се справуваме со состојбите. Преку споделена одговорност и инклузивност во процесите, наоѓаме најдобри решенија и заедно одиме напред.

 

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

Прочитајте