? Градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов, заедно со претседателката на Здружението на граѓани ИСЧЕКОР – ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ – Валандово, Марија Карамучева Узунова, потпишаа Меморандум за соработка во областа на човековите права.
? Целта на Меморандумот е иницирање на активности и проекти во нашата локална заедница кои ќе ги промовираат и унапредат човековите права и ќе создадат систем на заштита на истите.
Соработката ќе се одвива преку заеднички проекти од областа на:
? еднаквоста и недискриминација;
? говорот на омраза;
? социјалната инклузија;
? почитување и менаџирање со различности;
? социјалната кохезија;
? социјалната правда;
? родовата еднаквост;
? одржливиот локален развој;
? мултикултурализмот и
? јавните кампањи;
? Иницираме вмрежаност на локалната самоуправа со граѓанскиот сектор, поставуваме заеднички цели и преку взаемна доверба и силни партнерства ја унапредуваме заедницата.
Извор: Општина Валандово