spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Редовно репроцена на имотот

Валандово: Редовно репроцена на имотот

? Започнува редовната административна постапка за репроцена на пазарната вредност на недвижниот имот во општината и утврдување на реална основа за оданочување, согласно промените од репроцената спроведена во 2011 година.

? Целта на репроцената, е утврдување на фактичката состојба на имотот, евидентирање на промените кои се случиле од последната репроцена и праведно формирање на даночната основа.

Постапката за репроцена на недвижен имот се одвива согласно законот за даноци на имот, по претходно утврдена методологија од страна на Министерството за транспорт и врски.

? Истата, ќе биде спроведена од стручна комисија од редот на општинската администрација, на секој недвижен имот, во сите населени места од општината, согласно претходно утврден распоред кој навремено ќе биде објавен.

 

 

 

Извор: Општина Валандово

Прочитајте