spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Грант со Јапонската амбасада за реконструкција на кровот на ООУ...

Велес: Грант со Јапонската амбасада за реконструкција на кровот на ООУ „Блаже Конески“

Градоначалникот Марко Колев, јапонскиот амбасадор во земјава Н.Е. Хиронори Савада и директорот на ООУ „Блаже Конески“ Јованче Манасков го потпишаа Договорот за грант од програмата GGP во висина од 4.395.975 денари со што ќе се реконструира кровот на училиштето, поточно ламела 2, 3 и 4.
Градоначалникот Колев изрази голема благодарност до јапонската влада и јапонскиот народ за поддршката во изминатите неколку години.
„Од мое лично име, од името на Советот на Општина Велес и од името на сите граѓани на Велес, салкам да изразам голема благодарност за поддршката што јапонската Влада преку Грант програмата за мали проекти за човекова безбедност и ја дава на Општина Велес во годините наназад“, истакна Колев.
Јапонскиот амбасадор изрази големо задоволство и благодарност за тоа што за краток период повторно е во посета на Општина Велес и тоа за уште поблагородна цел, санирање на кровот на основното училиште.
„Целта на доделениот грант е да се обезбедат услови освен на учениците кои сега се образуваат исто така и на генерациите кои ќе учат во ова велешко училиште. Се надевам дека наскоро ќе дојдам пак на затворањето на проектот“, рече амбасадорот Хиронори.
Благодарност за донацијата изрази и директорот на ООУ „Блаже Конески“ Јованче Манасков истакнувајќи дека е голем предизвик но и одговорност да се обезбедат современи, ефикасни и безбедни услови за учење.
„Реконструкцијата на кровот на училиштето ќе ги подобри физичките услови за реализирање на воспитно-образовниот процес. Нашите ученици и наставници ќе бидат посреќни, позадоволни и помотивирани за постигнување на нови успеси и признанија“, додаде Манасков.
Преку проекти аплицирани преку Центарот за развој на Вардарски плански регион, од програмата GGP и јапонската влада, досега Општина Велес доби голем број донации како што се медицински апарати за потребите на болницата, противпожарно возило, медицински возила за транспорт на пациенти, реконструкција на училишта.

Прочитајте

Мицкоски: Претходната власт трошела расипнички, но во првите 100 дена ние...

0
Да се заблагодарам најпрвин на новинарите за интересот за овој настан. Да честитам на Министерството за транспорт, на Царинската управа, се разбира кредитот којшто...