spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВиница: Посета на кинескиот амбасадор

Виница: Посета на кинескиот амбасадор

Огромна чест и задоволство на граѓаните на општина Виница им приреди Амбасадарот на Народна Република Кина во Македонија, Џанг Ѕуо со неговата посета на градот.

Кина е пријателска земја и општина Виница е првата општина од Македонија која стана членка во Урбаната Алијанса „Патот на Свилата“ со цел промоција на економската и трговската соработка, како и образовната и културната размена со Народна Република Кина.

Во таа насока течеа и разговорите помеѓу Aмбасадорот и Градоначалникот Миле Петков. На Амбасадорот Џанг Ѕуо му беа презентирани капацитетите и можностите за инвестирање во повеќе области во општина Виница и реализираните капиталните проекти во делот на комуналната инфраструктура, културата и заштита на животната средина.
Беа споменати и проектите кои Општината планира да ги реализираме во иднина, како и нашата потреба од поинтензивна соработка со Народна Република Кина. Кинескиот Амбасадор беше позитивно изненаден од рециталот на кинески јазик на малата Јана Алексова, која е единствениот ученик во регионот што го изучува кинескиот јазик при Институтот Конфучиј.

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...