spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Акција за спуштање на надземната кабелска мрежа во подземна

Карпош: Акција за спуштање на надземната кабелска мрежа во подземна

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски вчера во својот кабинет оствари работна средба со раководителот за фиксна инфраструктура, Горан Петковски, од операторот „А1“.

На средбата Петковски го информираше првиот човек на општината дека  во претстојниот период  операторот „А1“ спроведува акција за спуштање на надземната кабелска мрежа во подземна. Во моментов, екипите работат на теренот во населбите Карпош 1 и 2, додека пак во населбите Карпош 3 и 4 се поставува комплетно нова подземна оптичка мрежа.

Со оваа акција граѓаните ќе имаат поквалитетен интернет и во исто време ќе се отстранат  бандерите со надземни кабли во сите урбани заедници.

 

 

 

 

Извор: Општина  Карпош

Прочитајте

Се пласираат шпекулации во врска со бројот на загинатите, замолуваме да...

0
Почитувани, Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора...