Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски денеска ја прими македонската параолимпијка Оливера Наковска –Бикова, која го освои златниот медал на Европското првенство во стрелаштво во Хамар, Норвешка.
Во машка конкуренција Александар Јовановски го освои десеттото место во квалификациите со 547 круга и за еден круг не обезбеди пласман во финалето. Ванчо Каранфилов го освои 19 место со погодени 533 круга.
Mојсовски на средбата со Наковска – Бикова истакна дека остварувањата на сите членови на тимот спортисти кои настапија на европското првенство се за респект и им врачи плакети за остварениот успех.
Особено радува фактот што Наковска – Бикова го повтори својот успех, 21 година по освојувањето на златниот медал на Европското првенство во Данска во 2001 година, а плановите за наредните настапи на Светскиот куп во Франција во јули и светското првенство во Обединетите Арапски Емирати во Ноември се освојување на норма за наредните ОИ.
Не може да се занемари и бронзата во дисциплината Микс тим 10м воздушен пиштол, во која настапуваат 2 спортисти како тим (по една стрелачка и еден стрелец), каде настапија Оливера Наковска Бикова и Ванчо Каранфилов.
Тренерот Бранимир Јовановски истакна дека поддршката која Федерацијата ја добива од Агенцијата за млади и спорт е од пресудно значење за припреми и учество на меѓународни настани на спортистите.
Извор: Агенција за млади и спорт