spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Пешачиме за мир, соживот и толеранција

Гази Баба: Пешачиме за мир, соживот и толеранција

По повод почетокот на пролетта општина Гази Баба заедно со здружението на граѓани Грин Спорт и Општинскиот сојуз за училишен спорт Гази Баба организираше настан под мотото “Пешачиме за мир, соживот и толеранција.”

Toa се трите основи на кои треба да се заснова едно општество. Да се има мир значи да немаме конфликт, да се има соживот значи да се почитуваме себеси но да ги почитуваме и другите, да се има толеранција значи да се има целосна почит и разбирање кон другиот, кон нивните идеи и верувања, без разлика дали истите се разликуваат од нашите.

Градоначалникот Бобан Стефковски дава силна поддршка на активностите поврзани со меѓуетничката интеграција во образованието, а во иднина ќе реализираме голем број на настани и активности со кои ќе овозможиме оддржлив начин на заедничкото живеење во нашето мултикултурно и мултиетничко општество.

Со засадувањето на нови садници, засадуваме и зрно надеж за понатамошна успешна и плодна соработка помеѓу учениците од различните етнички заедници. На настанот учествуваа ученици од општинските основни училишта од различни етнички заедници.

 

 

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....