spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Основците од Еразмус + во посета на општината

Карпош: Основците од Еразмус + во посета на општината

Учениците и наставниците од Португалија, Италија и Латвија, како и основците и наставниците од ООУ „Петар Поп Арсов“, кои се партнери во заедничкиот проект Еразмус + „Be child for an inclusive school“, денеска беа во посета кај градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Присутните го информираа првиот човек на Општината за тековните активности поврзани со овој проект, наменет за деца со посебни образовни потреби.

Партнерите од Еразмус програмата ја одржаа првата работна средба во Португалија, додека пак домаќини на втората мобилност се учениците и наставниците од ООУ „Петар Поп Арсов“. Во рамки на работните средби, партнерите на проектот организираат низа работилници и активности, со цел да пронајдат нови методи и техники за инклузија на учениците во редовната настава и образовниот процес. Инаку, проектот завршува во септември годинава, а дотогаш треба да се одржат уште две мобилности (размена на ученици и наставници),  во Латвија и Италија.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Се пласираат шпекулации во врска со бројот на загинатите, замолуваме да...

0
Почитувани, Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора...