spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаЛевица бара намалување на патарините за 50% и скратување на договорите на...

Левица бара намалување на патарините за 50% и скратување на договорите на определено време

Пратениците на Левица поднесоа два предлог -закони до Собранието на Република Македонија, кои се однесуваат на намалување на цената на патарините и намалување на времетраењето на договорите на определено време.

Со првиот предлог-закон, предлагаме намалување на висината на енормно високата цена на патарините за 50 проценти. Дополнително, со нашите предложени измени, се предвидува одземање на ингеренциите на Владата за регулирање на патарините и трансферирање на ингеренциите на Собранието.

Со вториот предлог-закон, пратениците од Левица предлагаат намалување на горната граница од пет години на шест месеци за договорите на определено работно време. На овој начин, ќе се стимулираат работодавците да ги пријавуваат работниците на неопределено време, со што се обезбедува материјална сигурност за работниците.

Дополнително, предлогот на Левица предвидува и исплатата на платата да се реализира најдоцна до петтиот ден од месецот, со што ќе се намалат можностите за манипулација од страна на работодавците.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
17 март, 2022

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...