spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаЛевица – Свети Николе: 57% од народните пари се трошат за плати...

Левица – Свети Николе: 57% од народните пари се трошат за плати во администрацијата, а само 0.43% за социјални бенефиции

На десеттата седница на Советот на Општина Свети Николе, советници и од СДСМ И дел од ВМРО-ДПМНЕ позитивно ја изгласаа завршната сметка на Општината за 2021 година.

1. Согласно завршната сметка 56,69% од Буџетот на Општината (народните пари) се троши за плати во администрацијата, додека само 19,2% одат во капитални расходи. Согласно ова Буџетот на Општината НЕ Е РАЗВОЕН, а народните пари не се користат во интерес на граѓаните.

2. Во Буџетот за 2021 биле предвидено поголеми приходи за 19% споредено со претходната година, а реализиран е приход поголем од само 5,2% што практично претставува едвај ¼ од предвидениот раст ОД ПРЕДВИДЕНИОТ РАСТ.

3. Важно е да се потенцира дека во текот на претходната година, долгот на Општината е зголемен за 8 МИЛИНИ денари преку ДОМАШНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ.

4. Голем дел од подставките на расходната страна не се знае за што конкретно се потрошени (се наоѓаат во ставките „други расходи“) за што се остава впечаток дека нешто се прикрива.

5. И, можеби НАЈВАЖНО за социјални бенифиции т.с. директна помошна граѓаните од економски најзагрозените категории (со најмали или воопшто без примања) се потрошиле само 0,43% од средствата во Буџетот на Општината.

– Во прилог дел од обраќањето на Советникот Алексадар Симонов од редовите на Левица.

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...