spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиПлатите во ЈП Комунална хигиена - Скопје ќе се зголемат

Платите во ЈП Комунална хигиена – Скопје ќе се зголемат

Претседателот на СУТКОЗ и ССМ, Дарко Димовски оствари средба Зухди Енуз, в.д. директор на ЈП Комунална хигиена и претседателот на Синдикалната организација при КХС Делија Дарлишта.

 

Во дискусијата беа отворени конкретни предлози од страна на СУТКОЗ и на Директорот на КХС за зголемување на платите на работниците во претпријатието согласно зголемувањето на минималната плата, во насока на изнаоѓање на одржлив модел за платите на работниците да се зголемат веднаш, а тоа да не претставува сериозна пречка за нормалното работење на Комунална хигиена Скопје.

Зухди Енуз, в.д. директорот на ЈП Комунална хигиена, претседателот на Синдикалната организација при КХС Делија Дарлишта и Претседателот на СУТКОЗ и ССМ, Дарко Димовски се согласија дека трудот на работниците треба соодветно да биде вреднуван и дека платите на сите работници во Комунална хигиена Скопје ќе бидат зголемени.

 

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...