spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСУТКОЗ и АДКОМ - Скалесто зголемување на платите во комуналните дејности и...

СУТКОЗ и АДКОМ – Скалесто зголемување на платите во комуналните дејности и потпишување на Колективен договор

Се одржа среба помеѓу Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, КОМУНАЛНО – СТАНБЕНОТО СТОПАНСТВО, занаетчиството и заштитните друштва на Македонија претставуван од страна на Претседателот Дарко Димовски, Стојанче Кашиковски од Синдикалната организација при ЈП Водовод и канализација -Скопје и АДКОМ (Здружение на даватели на комунални услуги) претставувано од страна на Иван Иванов, претседател на АДКОМ, Лолита Стојановска Извршен Директор, Пеце Милевски, директор на ЈКП “Водовод“ – Битола, Марија Валакова, претседател на правна комисија на АДКОМ и Дарко Доневски член на правна комисија во АДКОМ.

На состанокот се разговараше за потребата од заеднички пристап за изнаоѓање на предлог модел за усогласувањето – скалесто зголемување на платите на сите работниците во комуналните претпријатија согласно зголемувањето на минималната плата и истото да не предизвика сериозни импликации на нормалното работење на претпријатијата и работодавачите како и да се обезбеди сигурност и одржливост на работните места на работниците.

Истовремено беа потврдени заложбите за што поскоро потпишување на Колективниот договор за комуналните дејности на Македонија со кој покрај зголемување на платата на работниците во комуналните претпријатија согласно зголемувањето на минималната плата ќе бидат регулирани и другите прашања кои се од интерес за работниците и работодавачите од оваа дејност.

Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Македонија и АДКОМ (Здружение на даватели на комунални услуги) во следните денови заеднички ќе работат за добивање на репрезентативност на Здружение на даватели на комунални услуги за да може да се склучи Колективниот договор за комуналните дејност.

 

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...