spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Од контролирани 611 даночни обврзници, кај 114 се утврдени неправилности

УЈП: Од контролирани 611 даночни обврзници, кај 114 се утврдени неправилности

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, денеска од пред Регионалната дирекција Скопје ги соопшти резултатите од дводневните акции кои ги спроведоа инспекторите на УЈП на територија на целата држава кои контролираа дали за основните продукти за исхрана се пресметува ДДВ со 0 или со 5 %. Лукаревска, информираше дека направени се вкупно 611 контроли од кои кај 114 обврзници се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања .

Во контролите беа опфатени даночни обврзници кои вршат дејност трговија на мало со храна и пијалоци, трговија на мало со месо и производи од месо, трговија на мало со моторни горива и кои дејноста ја вршат преку повеќе деловни единици, односно деловни единици со поголема продажна површина и остваруваат промет во поголем износ.
„На територија на Регионалната дирекција Скопје од 136 извршени контроли, кај 13 даночни обврзници е утврдена неправилност. На територија на РД Битола од 120 извршени контроли кај 41даночен обврзник утврдена е неправилност. Во прилепскиот регион извршени се 93 контроли и кај 22 даночни обврзници е констатирано неправилност. На територијата на Регионалната дирекција Струмица од извршени 85 контроли кај 10 е утврдено неправилност, додека на територија на РД Штип од 99 извршени контроли, 2 се со утврдена неправилност. А на територија на Регионална дирекција Тетово од 78 извршени контроли, 26 се со утврдена неправилност“ – истакна директорката Лукаревска.

 

Информираше дека и покрај укажувањата за прилагодување на фискалните апарати дел од даночните обврзници немале прилагодени каси согласно Законските одредби кои мораше да ги направат до 17 март, 2022 година.
„Најмногу неправилности има утврдено во Тетово. Од 31 исконтролиран продажен објект во Тетово кај 15 биле утврдени неправилности односно неиздавање и неусогласена фискална сметка. Од 28 контролиран објект во Струга кај 14 имало неправилности. Во Прилеп и Охрид направени се по 32 контроли и кај 12 даночни обврзници имало констатирани неправилности. Во Битола од 55 контроли, кај 10 имало констатирано неправилности. Спротивно на Закон постапиле и 6 даночни обврзници од Струмица, од Кавадарци,од Гостивар и од Ресен. Во Неготино од вкупно 17 исконтролирани даночни обврзници кај 3 имало неправилности. Додека во Штип, Гевгелија, Кичево, Валандово и Велес само кај еден даночен обврзник имало постапување спротивно на Закон. “ – истакна директорката Лукаревска.

Лукаревска, апелираше до граѓаните да ги бараат фискалните сметки и секаде каде ќе увидат наплатен ДДВ на основните производи за исхрана, да пријават на телефонските броеви 198 или на 0800 33 000, како и преку апликацијата„ Мој ДДВ“. Сите пристигнати претставки ќе се проследат до инспекторатот, по што согласно Законот истите ќе постапуваат. УЈП и во наредниот период контуинирано ќе ја следи состојбата на терен и ќе продолжи со контуинирани и координирани контроли, заедно со останатите надлежни институции. Сите објекти кои нема да ги почитуваат одредбите од законот, ќе се соочат со глоби согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања за издавање на сметка која не ги содржи пропишаните елементи.
Законската одредба почна да се применува од четврток, 17 март 2022 година, со неа е предвидено намалување на ДДВ од 5 на 0% за лебот, брашното тип 400, јајцата, млекото, месото, шеќерот, оризот и зејтинот од сончоглед. Сите продажни објекти требаше до 17 март да ги прилагодат фискалните каси и за погоре споменатите производи да не наплаќаат данок на додадена вредност и истите во фискалните каси од група Б да ги стават во група Г.

Апелираме до сите да ги почитуваат одредбите од Законот. Време е да се солидаризираме, да се сплотиме едни со други со цел полесно да ја надминеме оваа новонастаната состојба. Заедно со меѓусебна солидарност да го зачуваме животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

 

 

 

 

 

 

Извор:  Управа за јавни приходи 

 

 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...