spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Македонското здружение за интрахоспитални инфекции,во Неготино го одржа стручниот состанок со...

МЗ: Македонското здружение за интрахоспитални инфекции,во Неготино го одржа стручниот состанок со работилница

Македонското здружение за интрахоспитални инфекции,во Неготино го одржа стручниот состанок со работилница,на кој учествуваат членовите од комисиите за интрахоспитални инфекции од сите јавни здравствени установи во државата.

Состанок свечено го отвори заменик министерот за здравство доц. д-р Владимир Рендевски,кој истакна за улогата и сериозноста на интрахоспиталните инфекции,во продолжување на болничкиот престој,но и во морталитетот кај пациентите.

Рендевски потенцираше дека адекватната обука на медицинскиот персонал,превентивните мерки на здравствените установи,како и современата доктрина во примената на антибиотиците се од исклучителна важност во намалувањето на стапката на болничките инфекции. Министерството за здравство ги поддржува сите активности на ова значајно национално здружение во неговите активности.

На стручниот состанок со свои предавања имаа Проф. д-р Каќа Поповска, Проф д-р Весна Герасимовска и други стручни експерти.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Мицкоски по средбата со Стојаноски и Дурмиши: Во текот на утрешниот...

0
Почитувани, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денес имаше координативен состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојаноски и министерот...