Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски во периодот од 18-20 март 2022 година гостуваше во Белград, Република Србија, град – домаќин на 18-то светско атлетско првенство во сала, на кое се натпреваруваа спортисти атлетичари во 26 атлетски дисциплини.
Во рамки на надлежностите оствари многубројни работни средби, а како назначајна ја издвојуваме срeдбата со претседателот на WADA-Светската Анти Допинг Агенција, г-динот Витолд Банка (Witold Bańka).
Нивниот разговор беше во насока на разменување на искуства од тоа што досега е спроведено од донесените заклучоци при неодамна одржаната работна средба со официјалните лица на Анти Допинг Агенцијата на Република Србија (ADAS) и претставниците-експерти во допингот во нашата држава, институција која е назначена како ментор во подготовката на основните документи кои ќе бидат од значење за формирање на независно и самостојно тело во оваа сфера, а во согласност со меѓународните стандарди.
Витолд Банка е запознаен со сите претстојни активности, а воедно ја прифати поканата да биде гостин во куќата на спортот и во Република Северна Македонија.
Извор: Агенција за млади и спорт