spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКССПоддршка на НСО за протестот на гранските синдикати при КСС

Поддршка на НСО за протестот на гранските синдикати при КСС

Независниот синдикат на одбраната дава целосна и безрезервна поддршка на дел од гранските синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС
за претстојниот протест.

Вработените во јавната администрација треба да ги добијат правата коишто им следуваат согласно законите и колективните договори и истите треба да бидат дел од социјалниот
дијалог во државата.

Зголемувањето на минималната плата го поддржавме и како грански синдикат и како Конфедерација.

Сепак со истото не се решија проблемите со усогласувањето на
колективните договори со растот на минималната плата, како што и впрочем Законот за
минимална предвидува.

Порамнувањето на платите единствено може да создаде демотивација кај вработените во јавната администрација, чиј што дел е и Армијата.

Решението на проблемите со коишто се соочуваат вработените во јавната администрација е едноставно – зголемување на бодот на вработените од страна на Владата.

Повторно нагласуваме дека им даваме силна поддршка на нашите братски синдикати во остварувањето на нивните барања кои поради немањето на слух од страна на надлежните,
ќе ги искажат на улиците на 30 март.

 

 

 

 

Извор: Конференција на слободни синдикати на Македонија 

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...