Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ имаше состанок со секторската работна група за здравство и министерот за здравство Беким Сали.
На состанокот се дискутираше за идните приоритети на Министерството за здравство и како најдобро да бидат искористени расположливите финансиски средства и билатералните соработки за градење одржлив здравствен систем кој првенствено ја има грижата за здравјето на граѓаните.
-Важно е ефикасно и квалитетно да ги испланираме проектите поддржани од Европската Унија, пред се заради унапредување на здравствениот систем и подобри здравствени услуги за граѓаните, но и за реформите поврзани со евроинтеграцискиот процес, посочи вицепремиерот за европски прашања, Маричиќ.
На состанокот ја потврди неговата заложба за максимално искористување на ЕУ програмите и фондовите и програмирање според приоритети и потребите во областа здравство, за поголеми придобивки за граѓаните.