spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКССПoддршка од Синдикатот на клинички центар за протестот на КСС

Пoддршка од Синдикатот на клинички центар за протестот на КСС

Синдикатот на Клинички центар, како грански синдикат за здравство при КСС дава целосна поддршка на предупредувачкиот протест на здружените грански синдикати при КСС, кој ќе се одржи на 30.03.2022 година во среда со почеток во 15 и 30 часот, а е резултат на покачувањето на минималната плата и примената на Законот за минимална плата.

Зголемувањето на минималната плата доведува до групирање на платите околу нејзината вредност. За нормално функционирање на скалата на плати и платните категории износот на минималната плата треба да биде усогласен со износот на останатите плати.

Покачувањето на минималната плата без скалесто покачување на останатите плати води до нарушување на моделот за организирање на работните места во групи на сложеност и одговорност на работното место, соодветно на степенот на образование и стекнатите вештини.  Овој модел е основниот принцип на кој се базирани колективните договори.

Пресметката на додатоците на плата во износот на минималната нето плата претставува погрешно толкување на Законот за минимална плата и доведува до несоодветно вреднување на трудот во наједноставните работни места со најнизок коефициент на сложеност.

Примената на Законот за минимална плата без усогласеност на минималната плата со останатите плати доведува до несоодветно вреднување на трудот за посложените работни места.

Овие причини создадоа демотивираност, разочараност и револт кај вработените во јавниот и приватниот сектор.

Синдикатот на Клинички центар се надева дека здружените грански синдикати на КСС ќе се изборат во остварувањето на правата на своите членови, коишто им следуваат согласно законите, колективните договори и меѓународното трудово законодавство.

 

 

 

 

Извор: Конференција на слободни синдикати на Македонија 

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија