spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Потребно е и судовите да дадат сопсвен придонес во зачувување на...

МЖСПП: Потребно е и судовите да дадат сопсвен придонес во зачувување на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, со воведно обраќање, заедно со претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска и амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја, Н.Е.  Рејчел Галовеј завчера учествуваше во отворањето на регионалната конференција „ Уставни судови – чувари на животната средина“. Во дискусијата модерирана од академик Владо Камбовски, професори и судии од регионот дадоа свој осврт на можностите за зголемување на улогата на Уставниот суд во заштитата на правото на животната средина.

Const court

„Ние, како држава, го имаме препознаено правото на здрава животна средина во Уставот, ги имаме поставено основните елементи на посебното законодавство за заштита на животната средина, што, како Министерств,о постојано го унапредуваме, особено во последниот период, кога интензивно работиме на хармонизирање на нашето право со ЕУ стандардите. Како Министерство предложивме низа законски решенија, ги зголемивме глобите за прекршоци во однос на животната средина, а во моментов во Собранието, на наш предлог, се расправа Законот за инспекциски надзор во животната средина, со кој целиме кон подобро спроведување на оваа норматива. Но, сепак сме свесни дека се соочуваме со сериозна деградација на животната средина, и ретко некој сноси одговорност за тоа. Потребно е сите актери, меѓу кои и судовите, да учествуваат со свој придонес ако сакаме да ја зачуваме животната средина“ порача Министерот Нуредини.

 

Конференцијата беше организирана од страна на Уставниот суд на Северна Македонија, Македонската академија на науките и уметностите и Центарот за правни истражувања и анализи, а со поддршка на Британската Амбасада во Скопје.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЖСПП: Шукова – Со инвестирање во крупни капитални проекти за подобрување...

0
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на општина Валандово...