Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, одржа консултативна средба со директорот на Агенцијата за поддршка на претприемништвото (АПП), Хајрула Мисини.
Колегите разговараа за степенот на имплементација на одредбите кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците.
Друго прашање за кое се разговараше беше продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка преку конкретна поддршка на АПЈ за АПП за превод и лекторирање на различни форми кои АПП ги има во употреба.
Двете страни се согласија дека ваквите средби треба да продолжат.