spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКССКСС излезе на предупредувачки јавен протест

КСС излезе на предупредувачки јавен протест

На ден 30.03.2022 год. (среда) Конфедерацијата на слободни синдикати излезе на предупредувачки јавен протест заедно со повеќето од гранските синдикати при КСС од
јавниот сектор.

Подолго време, речиси 4 години, Конфедерацијата на слободни
синдикати на Македонија бара да се пристапи кон почитување на законите и да се усогласат платите во согласност со покачувањето на минималната плата.

Протестот се одржа поради едноставна причина, да се стави крај на манипулацијата и
дезинформациите на Владата за платите во јавниот сектор. КСС и синдикатите од
јавниот сектор, здружени во КСС, бараат правата на работниците да се почитуваат, права
кои веќе законски се уредени, а државата не ги почитува.

Поточно, до овој момент, на дел
од вработените во јавниот сектор основната плата им беше ПОД минималната плата.

КСС тврди проблемот има едноставно решение. Потребно е Владата да свика седница наВлада и да се изгласа покачување на вредноста на бодот кој во моментот изнесува 81,6
денари на најмалку 103 денари што ќе биде најчесно за сите работници и распонот на платите ќе се задржи и ниеден од работниците нема повеќе да зема плата под минималната плата.


Време е да покажеме дека во општеството има синдикати и организации кои не дозволуваат манипулација и поигрување со работниците.

Протестот започна 15:30 часот пред Собранието на Р.Македонија, во 16:30 часот се упати кон Владата на Р.Македонија.

 

 

Избор: Конференција на слободни синдикати на Македонија 

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...