По објавата на синдикатот на УПОЗ, за организирање на предупредувачки протест, следната недела за изразување на незадоволство од Владата поради непристапување кон покачување на платите во јавниот сектор, Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) кој ги здружува
работниците од истата дејност, испративме покана за средба со синдикатот на УПОЗ со цел усогласување на нашите барања и пристапување кон заедничко настапување со нашите синдикални активности.
Ставот на органите на синдикатот на САДУ е дека од најголем интерес за
работниците е ние како синдикати заеднички да настапуваме во однос на нашите барања со цел да ја зајакнеме нашата позиција пред надлежните и за таа цел и јавно ги покануваме на заедничка средба.
Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија веќе започна со своите синдикални активности.
На 30.03.2022г. заедно со повеќе грански синдикати од КСС одржавме предупредувачки протест се со цел да го изразиме нашето незадоволство во поглед на платите на вработените во јавниот сектор и ги изразивме нашите барања да се пристапи кон почитување на законите и да се усогласат платите во согласност со покачувањето на минималната плата.
Извор: Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија