spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Само со заедничка и посветена работа може да воспоставиме еден стабилен,...

МП: Само со заедничка и посветена работа може да воспоставиме еден стабилен, ефикасен и првенствено независен правосуден систем

По повод одбележување на Денот на македонското правосудство се одржа онлајн седница на Советот за реформа во правосудниот сектор.

На седницата едногласно беше усвоен Годишниот извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 за 2021 година.

Како што беше најавено на седницата, во тек се значајни процеси за дигитализација на правосудниот сектор кои се спроведуваат од страна на Советот за ИКТ при Министерството за правда со поддршка на меѓународните партнери.
Присутните беа информирани и за тековните активности во врска со Предлог Законот за вештачење, како и за процесот на изработка на Граѓанскиот законик.

Министерот Тупанчески истакна дека до крајот на април се очекува одржување на дополнителна седница на Советот со посебен фокус на активностите предвидени во Стратегиите за човечки ресурси во судска/јавнообвинителска мрежа.

 

 

 

Извор: Министерство за правда

 

 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...