spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Со унапредување на студиските програми, воспитувачите ќе се стекнат со потребните...

МТСП: Со унапредување на студиските програми, воспитувачите ќе се стекнат со потребните вештини и знаења за воспитување и образование на децата

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска  учествуваше на презентацијата на Предлог–студиска програма за иницијално образование на воспитувачи. Во дискусијата за унапредување и поттикнување на раниот детски развој и способностите на децата за учење, учествуваа министерот за образование Јетон Шаќири, универзитетски професори од Педагошките факултети во земјава, претставници на МТСП и на Светска Банка.

Според министерката Тренчевска со развивањето на вештините во раното детство се воспоставуваат темелите за учење во текот на живот а со тоа и постигнување на успех на пазарот на трудот.

„Интервенциите во раното детство ги зајакнува способностите на децата за учење, соработката со другите, трпеливоста и развивање на други вештини кои се основа за формалното учење и социјалната интеракција во училиштето и надвор од него. Интервенциите уште во раниот детски развој нудат ретка можност да се инвестира во нешто кое е во исто време и исплатливо и праведно. Исплатливо во смисла на тоа дека има можност на овој начин да се добие квалификувана и способна работна сила во иднина. Праведно во смисла, дека ваквата интервенција дава најдобри резултати за децата кои живеат во неповолни услови и немаат соодветна стимулација. Ова е најсоодветен начин за излез од кругот на сиромаштијата, рече министерката Тренчевска.

 

Според Тренчевска за таа цел треба да се инвестира и во професорскиот кадар на педагошките факултети, за да можат да  овозможат квалитетно и модерно образование за идните воспитувачи на деца.

„Покрај зголемување на капацитетите во предучилишните установи паралелно работиме на унапредување на сите области кои влијаат на успехот на децата. Усогласување на студиските програми за иницијално образование на воспитувачите е особено важно за да се осигураме дека сите деца кои посетуваат предучилишни установи добиваат ист квалитет на услуги. Затоа очекувам заедно со универзитетските професори од оваа област, да ги унапредиме студиските програми за да  можат тие да овозможат, воспитувачите да се стекнат со потребните вештини и знаења за воспитување и образование на децата“, рече министерката Тренчевска.

Министерката нагласи дека Министерството за труд и социјална политика посветува големо внимание на зголемувањето на капацитетите за згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и тоа преку изградба на нови објекти наменети за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте