spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингЕСП Скопје: Програмирање во C++ за младинци - Втор степен

ЕСП Скопје: Програмирање во C++ за младинци – Втор степен

Во периодот на пандемија од Covid 19, сите часови се одвиват online.

Еден степен е организиран во 60 часа по 45 мин, еднаш неделно по 2 часа (90 мин во термин, вкупно 8 месеци).

Цели – задачи на курсот

  • да ја осознае потребата за изготвување на алгоритам при решавањето на одреден проблем;
  • да се запознае со концептот за временска и просторна сложеност на алгоритмите;
  • да се запознае со алгоритми за решавање на дадени проблеми (сума на броеви, минимум/максимум од множество броеви, аритметичка средина на броеви, издвојување на цифри на број и нивна манипулација);
  • да се оспособи за програмирање на изучените алгоритми;
  • да се оспособи за изработување на алгоритми и програми со основните контролни структури (редоследна, за избор, за повторување) за однапред дадени текстуални проблеми
  • Да умее да изработува програми од готови алгоритми запишани во псевдо-јазик (квази-јазик).
  • да умее да ги објаснува и дефинира поимите: структура на податоци и еднодимензионална низа како структура од податоци;
  • да ја осознае потребата од користење на структура на податоци – еднодимензионална низа;
  • да знае да декларира, дефинира и користи еднодимензионална низа;
  • да умее да пристапува до елемент од еднодимензионална низа;
  • да знае да користи повторување со броење на циклусите при достапување до сите елементи од низата (поминување низ низа);
  • да умее да изработува програми со користење на еднодимензионални низи;
  • да се оспособи за решавање на текстуални задачи.
  • да умее да го објаснува поимот потпрограма;
  • да осознае дека и главната програма е потпрограма во С++;
  • да умее да ги разликува функциите на потпрограма и на главна програма;
  • да ги осознае потребата и предностите од користење (повикување) на потпрограми во главната програма;
  • да се оспособи за препознавање на проблемски ситуации во кои треба да се примени потпрограма;
  • да ги запознае основните математички функции од
  • библиотеката cmath (fabs, sqrt, pow, ceil, floor, sin, cos);
  • да се оспособи за  примена на правилата за именување на потпрограма;
  • да се оспособи за изработка на потпрограми и нивно повикување од главната програма;
  • да се оспособи за правилно пренесување на вредности од главната програма во потпрограмата;
  • да се оспособи да решава проблеми со примена на потпрограми.

 

 

Извор: ЕСП Скопје – Развој и управување со човечки ресурси 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...