spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Отворена сензорна соба во „ООУ „Ѓорче Петров“

Ѓорче Петров: Отворена сензорна соба во „ООУ „Ѓорче Петров“

Во ООУ „Ѓорче Петров“ вчера беше отворена втората сензорна соба на територија на општината наменета за лица со и без образовни потешкотии, опремена со реквизити и стимулаторни алатки, придружени од стручна служба, специјален едукатор и рехабилитатор.

На Светскиот ден на здравјето се посветивме на учениците со попреченост. На отворањето присуствуваше градоначалникот Александар Стојкоски кој истакна дека интензивно работиме во насока на подобрување на условите за соодветно и еднакво образование, но и на зајакнување на инклузивните капацитети.

-На ваков начин се грижиме за ранливата категорија на ученици. Во ова училиште околу 20-тина дечиња ќе имаат придобивка од овој значаен проект. Општина Ѓорче Петров останува фокусирана на инклузијата и на еднаквоста во сите сфери. Во оваа насока, размислуваме и за отворање дневен центар наменет за социјално-ранливи категории – рече Стојкоски.

Благодарност до општествено одговорните – фондацијата „Чекор по чекор“, здруженијата „Инклузива“ и „Хендимак“, компанијата „Зегин“ и фондацијата „Верица Механџиска“ кои помогнаа во реализација на сензорната соба.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте

Се пласираат шпекулации во врска со бројот на загинатите, замолуваме да...

0
Почитувани, Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора...