spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Темелна реконструкција на ул. Славка Динкова во Драчево-се решава проблемот...

Кисела Вода: Темелна реконструкција на ул. Славка Динкова во Драчево-се решава проблемот стар 30 години

Се решава проблем кој веќе триесет години ги мачи жителите на населбата Драчево. Улицата Славка Динкова која е една од главните сообраќајни артерии, како сообраќајница која ги поврзува повеќето улици со главната, Јустинијан Први ќе биде темелно реконструирана, а со поставувањето на нова атмосферска канализација, ќе се надмине и проблемот највидлив при обилните дождови.

 

Денес градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ги изнесоа деталите од договорот за целосна реконструкција на оваа клучна улица во Драчево, за кој Градот Скопје издвои 50.500 000,00 денари.

-На барање на жителите на Драчево по 30 години за првпат ги решаваме истакнатите значајни проблеми со атмосферската канализација и постојното сообраќајно решение на ул. Славка Динкова. Ги слушаме нивните барања и посветено работиме на обезбедување на ефикасни и безбедни решенија кои пред се нудат квалитетни услови за живот. Токму затоа и еден од приоритетните проекти кои беа ветени веќе започнуваме да ги реализираме. Реконструкцијата на оваа асфалтна површина опфаќа и нова атмосферска канализација во должина од 1175 метри“, изјави градоначалничката Арсовска.

-Сакам да се заблагодарам во име на драчевчани и во име на сите жители на Кисела Вода, на градоначалничката на градот Скопје и на градот Скопје, бидејќи за првпат после толку години не важиме за општина која е на маргините. Во изминатиов период можевте да го забележите не само присуството на градоначалничката во нашата општина, туку и реализација на проекти како овој, за кој денеска потпишуваме договор за меѓу општинска соработка.

Улицата ,,Славка Динкова” е долгогодишен сериозен проблем, со кој сега ќе се реши не само надземната инфраструктура, туку на овој потег ќе има реконструкција, ново осветлување, нови тротоари, а исто така се решава проблемот и со атмосферската канализација која овде недостасуваше 30 години. Со оваа улица и со улицата која во меѓувреме е во напредна фаза ,,Живко Фирфов”, ние практично ги решаваме двете главни артерии во Драчево, а како што можевте да забележите кога патувавте наваму, интензивно се работи и на булеварот ,,Борис Трајковски” со што, би сакал да потенцирам дека сето она што 30 години не беше ниту тема на разговор за да се сработи, ниту пак беа подготвени проекти, благодарение на интензивната соработка со градот Скопје, полека но сигурно ги решаваме овие децениски проблеми-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски додавајќи дека во општина Кисела Вода следува градежна офанзива.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...