spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорѓиевски - Градежна офанзива-ги решаваме децениските проблеми на жителите

Ѓорѓиевски – Градежна офанзива-ги решаваме децениските проблеми на жителите

Градежна офанзива отпочна низ улиците во општина Кисела Вода. Започна решавањето на децениските проблеми со дотраената или, на некои места, непостоечката подземна или надземна инфраструктура. Општина Кисела Вода интервенира во сите месни и урбани заедници, а од добрата соработка со Градот Скопје, произлезе реализација и на повеќе крупни проекти кои се во негова надлежност, како што е темелната реконструкција на улицата “Славка Динкова”, за која двата градоначалници, Ѓорѓиевски и Арсовска, вчера ги презентираа деталите.

 

-Ние, како општина ги решаваме сите пристапни, споредни улици во населба Драчево, паралелно, во изминатиов период работиме и во Црниче и во Пржино. ,,Рилски Конгрес” добива целосна реконструкција. Интензивно се работи на промена и на атмосферска канализација на ,,Св. Наум Охридски” во Црниче. Следува градежна офанзива, истата ја започнуваме и со градот Скопје, кој вложува сериозни суми на пари во подобрување на условите за живеење на жителите на општина Кисела Вода. Темелната реконструкција на улицата “Славка Динкова”,, заедно со проектот за “Димо Хаџи-Димов”, ќе чинат преку 100 милиони денари. Дополнително, над 200 милиони денари чини реконструкцијата на булеварот ,,Борис Трајковски”, која активно тече.

Во напредна фаза е и проектот за реконструкција на ,,Живко Фирфов”, а претстојниот период ќе биде одбележен и со низа капитални проекти од страна на Општина Кисела Вода. Во моментов, ќе ги издвојам асфалтирањето на сите улици низ Пржино, изградба на водоснабдителен систем во населбата Каменик и изградба на повеќе паркови, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

На мое големо задоволство, граѓаните после 30 години ќе добијат достојни услови за живот, она што им недостасуваше со години наназад, во оваа година ќе успееме да го надминеме-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...