spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Фудбалерот Трајковски ќе гради нов дом во Драчево поради проширување...

Кисела Вода: Фудбалерот Трајковски ќе гради нов дом во Драчево поради проширување на семејството

Возбудата што ја носи светот е огромна, но никаде не е како дома! Ова го истакна фудбалерот Александар Трајковски при денешната средба со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во Општина Кисела Вода.

Славната 9-ка од македонската фудбалска репрезентација која го даде голот против европскиот шампион Италија и ја донесе Македонија на чекор од Светското првенство во Катар, има големи планови за својата кариера. Со градоначалникот Ѓорѓиевски со кој се сретнаа непосредно пред патувањето во Италија и постигнатиот “златен гол”, поразговараа околу плановите и очекувањата кои Трајковски ги има во поглед на спортската кариера, но и за иднината на приватен план која тој ја гледа и проектира во Македонија.

Имено, во моментов е на одмор од работниот ангажман во клубот “Ал Феиха” од Саудиска Арабија и заедно со сопругата Александра и синчето се во неговото родно Драчево. Покрај можноста да се види со најблиските, но и со сите кои сакаат да се запознаат со него и да му честитаат, Трајковски е посветен и на изградба на новиот дом, секако во Драчево, во кој, како што ни откри, ќе живеат во проширен состав, бидејќи во септември го очекуваат раѓањето на нивната ќерка.

Дотогаш, очекуваме негови нови голови веќе во јуни, кога Македонија  почнува со настапите во новото издание на УЕФА Лигата на нации.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....