spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Пензиите ќе продолжат да се исплаќаат предвремено на крајот од месецот,...

МТСП: Пензиите ќе продолжат да се исплаќаат предвремено на крајот од месецот, грижата за пензионерите е наш приоритет

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со претставници на Македонската банкарска асоцијација – Скопје, на која разговараа за досегашната и идна соработка меѓу министерството и банкарскиот сектор.

 

На почетокот на пандемијата предизвикана од Ковид 19, со цел спречување на ширење на вирусот, со Заклучок на Владата на РСМ, беше однесена одлука, за предвремена и етапна исплата на пензиите, на крајот на месецот, за пензии кои се однесуваат на тековниот месец.

 

На средбата се потврди добро воспоставената соработка, со заклучок дека таа ќе продолжи и понатаму односно дека пензиите и во иднина ќе продолжат да се исплаќаат предвремено, на крајот на месецот.

 

За Министерството за труд и социјална политика, грижата за пензионерите е приоритет. Потврда за тоа е воспоставувањето на новата методологија за усогласување на пензиите на долг рок, со која пензиите ќе растат во континуитет, како и финансиската помош од 3000 денари за три месеци. Тоа значи и подигнување на животниот стандард на нашите највозрасни граѓани во државата.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Охрид: Монодрамата „Љуба“ од Лилјана Стоилковска

0
Во големата сала на Општина Охрид гостуваше Лилјана Стоилковска со перформансот на монодрамата „Љуба“ на позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова. Сценариото и режијата...