Канцеларијата на СЗО вчера ги презентираше најновите бихејвиорални истражувања за Ковид-19 во Северна Македонија, фокусирани на вакцинацијата меѓу општото население, како и меѓу здравствените работници.
Министерот за здравство, Беким Сали, присуствуваше на настанот и порача дека наодите од ваквите истражувања се појдовна точка за креирање на политиките и поттикнување позитивни социјални промени.
Извор: Министерство за здравство