Работодавачите ги користат Договорите за вработување на определено време за манипулација и намалување на правата од работен однос

СиндикатиРаботодавачите ги користат Договорите за вработување на определено време за манипулација и...

Најчитано

Уредувањето на траењето на договорите на определено време беше еден од главните проблеми и во досегашните преговори на социјалните партнери во постапката за донесување на нов Закон за работните односи која е започната од 2018 година.

Сојузот на синдикатите на Македонија постојано укажува дека договорите на неопределено време се правило во работните односи , тие се услов за квалитет во работењето ,мотивираност и лојалност кон компанијата , а сето тоа е предуслов за постигнување на поголема продуктивност на трудот и добивка во компанијата што е во интерес на работодавачите , но истовремено за работниците значат сигурност , безбедност и перспективен начин на планирање на животот и развој на семејството.

Работодавачите треба да знаат дека насекаде во светот договорите на определено време се исклучок , а не правило, тие се применуваат за привремени и повремени работни задачи во одредени услови утврдени со закон(замена на отсутен работник, зголемен обем на работа и сл) , како и за повремено извршување на работи кои не е од основната дејност на компанијата.

Од тие причини ССМ се залага овие договори да бидат ограничени и со времетраење најмногу до една година под определени услови предвидени со закон, односно истите да бидат донесувани при постоење на реалени , објективни услови и потреби на работниот процес.

Практиката покажа дека работодавачите ги користат овие договори за манипулирање на работниците , намалување на нивните права од работен однос поради страв дека договорот нема да им биде продолжен и изрекување на откази на договорите за вработување без утврдување на реални причини за отказ .

Преговорите за нов ЗРО се започнати од 2018 година , често работодавачите во преговори залагајќи се за можноста договорите на определено време да се склучуваат без никакво законско ограничување во поглед на услови и причини , како и залагајќи се истите да се склучуваат и за работи кои траат три или повеќе години , всушност работодавачите се залагаат за можноста за брзо отпуштање на работниците по свое субјективно видување ,без причина или вина на работникот , без реална основа и утврдена фактичка состојба и без никакви обврски и одговорност.

На овој начин работниците се ставаат во сериозно подредена состојба со што се нарушуваат нивните човекови права .

Работничките права се најзначајниот дел од човековите права , ССМ сериозно се грижи за нивната реализација , заштита и унапредување , нема да дозволиме намалување на работничките права, дерогирање на законот и правна несигурност за работниците .

Пратениците да се охрабрат и да прифатат предлог кој значи намалување на траењето на договорите на определено време на една година или на 6 месеци како што е предлогот на Левица во Собранието и да придонесат за елиминација на злоупотребите кои ги прават работодавачите со ваквите договори за вработување на определено време кои во време на криза беа најмногу користени за губење на работните места.

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе