spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМЗ: Гостување на Заменик министерот Рендевски во емисијата Магазин

МЗ: Гостување на Заменик министерот Рендевски во емисијата Магазин

Заменик министерот за здравство д-р Рендевски се осврна на почетокот на преговорите што предстојат со матичните лекари. Даде анализа на големата финансиската разлика што медицинските тимови ја имаат меѓусебно, со тоа што покачувањето на капитацијата уште повеќе би ги зголемило разликите во финансирањето.

Во тек на преговорите во кои ќе бидат вклучени и експерти од Фондот за здравствено осигурување ќе се направи анализа и осврт како повторно да се отворат амбулантите што секојдневно се затвораат и воедно да се мотивираат младите лекари и сестри да се вклучат во примарното здравство со цел да имаме комплетна покриеност на здравствените услуги на територијата на целата држава.

Во другиот дел од емисијата беа анализирани искуствата од ковид пандемијата во изминатите 2 години, односно се акцентираше недостатокот од медицински персонал во здравствените установи, со цел да направи адекватна анализа на потребен медицински персонал и да се превземат мерки за доекипирање и вработувања од соодветните дефицитарни сегменти.

 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...