spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМТСП: Раст на плати треба да има, нивното усогласување треба да се...

МТСП: Раст на плати треба да има, нивното усогласување треба да се утврди преку социјален дијалог, штрајк не е решение

„Оваа Влада е демократска и препознатлива по социјалниот дијалог, без разлика за кое прашање се работи. Економско-социјалниот совет е воспоставен во рамките на Министерството за труд и социјална политика и сите нови политики и стратегии мора да поминат низ социјален дијалог,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во гостувањето на Телевизија Стар – Штип, каде главна тема беше штрајкот организиран од СОНК.

Министерката рече дека одлуката за организиран штрајк од СОНК е донесена пред да започнат преговорите и да се достават барања. Таа потенцираше дека штрајкот треба да биде последната опција кога се исцрпени сите можности за договарање и кога не постои социјален дијалог, што во овој случај воопшто не е така.

Таа додаде дека биле одржани само два состанока и отворање на само едно од барањата на СОНК, за покачување на платите од 18.4%. Додека за останатите барања како работното време на приправниците, кариерниот развој, водење на еден дневник воопшто не се дискутирало.

„Раст на плати треба да има. Но тоа треба да дојде преку социјален дијалог. Изминатите 4 години имаше раст на плати, тоа го потврдуваат фактите. Во 2017 година платата на негователите беше 14.493 денари, а во февруари просечна нето плата исплатена за негователи е 19.560 денари, без минат труд. Во 2017 година, воспитувач земаше плата од 19.200 денари, а во февруари 2022 година просечната нето плата е 25.642 денари,“ рече Тренчевска.

 

Таа истакна дека дејноста на згрижување и воспитание не смее да се прекине врз основа на Закон за заштита на деца, освен во случај на вонредни состојби. А за време на штрајк, вработените кои што штрајкуваат треба да се заменат, што е обврска на општината и директорот на установата.

Министерката Тренчевска информираше дека, според последните податоци 25 градинки воопшто не  го поддржале штрајкот, додека во останатите 50 штрајкуваат дел од вработените или околу 45 проценти од нив. Притоа, посочи дека бројот на присутни деца е пораснат за 30 проценти од првиот ден на штрајкот.

Во однос на исплатата на плата за време на штрајк на вработените кои штрајкуваат министерката информираше дека, тоа е регулирано со колективен договор и Закон за работни односи.  Согласно  член 240 и 241 од Законот на работни односи, на работниците учесници во штрајк, за време на учество во штрајкот, работодавачот е должен да им уплатува придонеси од плата утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите, како и дека надоместокот на нето плата за време на штрајк  го надоместува организаторот на штрајкот во случајот СОНК, од свои средства на работниците кои учествувале во штрајкот.

Министерката информираше и за капиталните инвестиции на министерството во делот на изградба на нови градинки. Таа рече дека 2022 година планирано е отворање на нови 12 градинки, а отпочнување со градба на дополнителни 10. Од 2017 година отворени се 65 детски градинки.

Тренчевска на крајот уште еднаш упати порака до вработените во градинките, синдикатот и до  родителите дека социјалниот дијалог продолжува, целта е да се  изнајде најдоброто решение. Родителите  да си ги носат децата во градинките затоа што процесот на згрижување во градинките мора да се одвива непречено, а тоа треба да го почитуваат и локалните самоуправи и директорите,  секое дете кое ќе биде донесено во градинките да биде згрижено.

Таа изрази уверување дека заедничко решение со синдикатот ќе се донесе и преговорите за нов колективен договор и подобри услови за работа на вработените во предучилишни установи ќе бидат обезбедени.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МТСП: Хусејин – Главен приоритет е да осигуриме шанса и можности...

0
Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествуваше на Четвртиот состанок на Заедничкиот управен комитет за спроведување на Рамката за соработка за...