spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Алити и Димовски потпишаа Меморандум за соработка за платформата за интероперабилност

МИОА: Алити и Димовски потпишаа Меморандум за соработка за платформата за интероперабилност

Проектите за дигитализација и улогата на МИОА во овој дел, беа тема на завчерашниот состанок меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски, кои потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.

 

Станува збор за приклучување кон платформата за интероперабилност, за што двајцата соговорници се согласија дека размената на податоци на овој начин, ќе ја зголеми ефикасноста при работењето.  Непречениот проток на информации преку платформата за интероперабилност, го намалува времето потребно за пренос на информациите помеѓу институциите.

Целта е, рече министерот Алити, во платформата за интероперабилност да се вклучат што поголем број на институции.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...