spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Меморандум за соработка со Канцеларијата за ветеринарство на Босна и Херцеговина

АХВ: Меморандум за соработка со Канцеларијата за ветеринарство на Босна и Херцеговина

Во пресрет на “2 Форум на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан зa комуникација и соработка” кој завчера и денес се одржува во Охрид, а чиј домаќин е Агенцијата за храна и ветеринарство, првиот човек на Агенцијата, Николче Бабовски, завчера оствари работен состанок со Саша Бошковиќ, директор на Канцеларијата за ветеринарство при Министерството за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина. Унапредување на соработката во делот на здравствената заштита и благосостојбата на животните, интензивирање на активностите во рамки на регионалната иницијатива за превенција, контрола и сузбивање на болестите кај животните и размена на искуства, се дел од темите на кои се разговараше на средбата.

Договоривме и досегашната плодна соработка да ја официјализираме со потпишување на меморандум за соработка меѓу двете институции. Очекуваме дека тоа ќе биде основа не само за интензивирање на меѓуинституционалната соработка, туку и за зголемување на трговската размена меѓу двете земји, -истакна Бабовски.

Тој го запозна директорот на босанската Канцеларија за ветеринарство со тековните активности кои ги спроведува АХВ на полето на здравствената заштита и благосостојбата на животните, вклучително и за активностите за сузбивање и контрола на африканската свинска чума и птичјиот грип кои неодамна се појавија во земјава. Од состанокот произлезе заедничка оценка дека унапредувањето на соработката во областа на ветеринарството, размената на идеи и информации и во рамки на регионалната иницијатива за соработка ќе придонесат и за унапредување и интензивирање на соработката и трговијата меѓу двете држави.

Во рамки на билатералната посета на Агенцијата за храна и ветеринарство, директорот на Канцеларија за ветеринарство на Босна и Херцеговина Саша Бошковиќ, посети неколку  стопански објекти, меѓу кои и најголемиот извозник на месни преработки во Босна и Херцеговина, компанијата Пекабеско.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Охрид: Монодрамата „Љуба“ од Лилјана Стоилковска

0
Во големата сала на Општина Охрид гостуваше Лилјана Стоилковска со перформансот на монодрамата „Љуба“ на позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова. Сценариото и режијата...