spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Декларација за поддршка на Националната платформа на женско претприемништво

Илинден: Декларација за поддршка на Националната платформа на женско претприемништво

Вчера во Општина Илинден беше потпишана Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, која како една од целите ќе го поттикнува креирањето на политиките за значењето на женското претприемништво на национално и локално ниво.

Декларацијата ја потпишаа градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и претставнички од Националната платформа за женско претприемништво. На средбата градоначалникот Георгиевски истакна дека жените секогаш се двигатели на промените во општеството, затоа Општина Илинден во наредниот период активно ќе се вклучи кон реализација и имплементација на активностите кои се во интерес на подобрување на положбата на жените во претприемачкиот сектор, кои беа договорени на денешната средба.

Општина Илинден продолжува да обезбедува системска поддршка за развој на женското претприемништво и креирање на инфраструктура за негова поддршка и развој во локалната заедница.

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...