spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Голема хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”

Илинден: Голема хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”

По повод големиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден, Општина Илинден спроведе голема хуманитарна акција за донација на храна и хигиенски производи, наменети за социјално загрозената категорија на граѓани на територија на општина Илинден.

Локалната самоуправа оваа голема хуманитарната акција ја спроведе во соработка со Црвениот крст и бизнис заедницата од општина Илинден, кои несебично подадоа рака на ранливите категории граѓани од Илинден. Во рамки на акцијата под мотото „Подај рака-хумана општина Илинден”, поделени се околу 300 хуманитарни пакети со храна и хигиенски производи. Целта е во пресред на големиот христијански празник Велигден, да им се помогне на ранливите категории граѓани од општина Илинден.

Градоначалникот Александар Георгиевски изрази голема благодарност до сите општествено одговорни компании кои овозможија преку свои донации успешно да се спроведе оваа голема хумана акција.

Општина Илинден ќе продолжи и во иднина да спроведува вакви хуманитарни акции, се со цел да им се помогне на ранливата категорија граѓани празничните денови да ги поминат достојно.

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...