spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Уставниот суд потврди дека при примената на одредбите од Законот за...

МЛС: Уставниот суд потврди дека при примената на одредбите од Законот за локалната самоуправа треба да се користи уставното име на државата

Со Решение донесено на 23 февруари 2022 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на одредби  од Законот за локалната самоуправа кои што се однесуваат на името на државата.

 

Со отфрлањето на иницијативата, Уставниот суд го потврди мислењето на Министерството за локална самоуправа дека при примената на одредбите од Законот за локалната самоуправа, согласно  член 2 став 1 од Уставниот закон за спроведување на амандманите на Уставот, во прописите и другите акти на државните органи се користи уставното име на државата.

 

Иницијативата беше поднесена за оценување на уставноста на деловите од Законот за локалната самоуправа каде што стојат зборовите “Република Македонија”, со образложение дека не се во согласност со Уставот.

 

Решението на Уставниот суд во целост ТУКА

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

Се пласираат шпекулации во врска со бројот на загинатите, замолуваме да...

0
Почитувани, Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора...