Општина Македонска Каменица заедно со Јавното претпријатие „Камена Река“ започнува со спроведување на акцијата „Град со нула отпад“. Покрај подобрувањето на редовните активности на Јавното претпријатие за расчистување на отпад, акцијата вклучува и отстранување на искористените и хаварисаните возила од јавните површини.
Овој тип на отпад претставува целосна спротивност и прекршување на Законот за управување со отпадот, имајќи предвид дека истиот не само што го нагрдува просторот во урбаните зони, туку и претставува директна опасност за животната средина и околината.
Во периодот кој следува, ќе се вршат поинтензивни и редовни контроли за ваков вид на отпад кој се наоѓа на подрачјето на Општина Македонска Каменица. Најдоцна до 01.05.2022 година, сите сопственици на искористени и хаварисани возила се должни сами да ги дислоцираат истите, во спротивно, по истек на овој рок Општина Македонска Каменица и надлежните органи ќе ги преземат сите расположливи дејствија, вклучително и изрекување на прекршочни санкции.
Во насока на разубавување на градскиот лик, а веднаш по утврдување и уредување на локација за паркинг за товарни возила и возила за продажба, Општина Македонска Каменица ќе започне со отстранување на овие возила од градските улици и паркинзи.
Извор: Општина Македонска Каменица