spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Со Општина Гази Баба започнуваме меѓусебна соработка

АПЈ: Со Општина Гази Баба започнуваме меѓусебна соработка

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, ја посети Општина Гази Баба, каде што оствари работна средба со градоначалникот Бобан Стефковски, кој беше придружуван од неговиот тим.
На оваа средба се дискутираше за неодамна објавените податоци од спроведениот попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, според кои во Општина Гази Баба покрај македонскиот јазик службен станува и албанскиот јазик.
Директорот Села се заблагодари за можноста за остварената средба и понуди стручна помош и поддршка на градоначалникот Стефковски за отпочнување на имплементација на Законот за употреба на јазиците во Општината, со конкретни упатства како да се отпочне и одвива овој процес во неговата прва фаза.
Од друга страна, градоначалникот Стефковски изрази подготвеност и волја да се имплементира тоа што претставува законска обврска и очекува поддршка и соработка меѓу двете страни за успешна понатамошна реализација на овој процес.
Двајцата соговорници се согласија дека меѓуинституционалната комуникација ќе продолжи да се одвива со зголемена динамика во следниот период, во интерес на спроведување на законските обврски и остварување на правата на граѓаните на Општина Гази Баба кои го зборуваат албанскиот јазик.

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...