spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Во спортски дух и со изложбени работилници одбележан патронатот на ООУ...

Илинден: Во спортски дух и со изложбени работилници одбележан патронатот на ООУ „Гоце Делчев“

Со бројни спортски активности и изложбени работилници учениците од ООУ „Гоце Делчев“ го одбележаа патронатот на училиштето и 119. годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Традиционално одбележувањето на патрониот празник почна со положување на свежо цвеќе пред бистата на македонскиот великан Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на 19-от и на почетокот на 20-от век.

Во име на општина Илинден свежо цвеќе положи делегација предводена од градоначалникот Александар Георгиевски. Освен претставниците на ООУ „Гоце Делчев“, букети свежо цвеќе положија и претставниците на Сојузот на борците, на јавните претпријатија, претставници на Советот на родителите и граѓани. Веднаш по ова следуваше настап на училишниот оркестар, како и рецитал на којшто учествуваа повеќемина ученици.

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...