spot_imgspot_img
spot_img
spot_img

АФПЗРР: Соопштение

Делегација од Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој предводена од директорот Никица Бачовски присуствуваше на 51-та конференција на директори на Платежните агенции на ЕУ.

На оваа конференција освен делегации од земјите членки на ЕУ, поканети беа и земјите од Западен Балкан кои имаат статус на кандидати за влез во ЕУ, како и претставници од Директоратот за земјоделство и рурален развој – DG AGRI и преставници на ОЛАФ.

На дводневната конференција се разговараше за актуелната ситуација со воениот конфликт во Украина и нејзиното влијание врз влезните инпути во земјоделството, цената на енергенсите како и достапноста на житни култури на европските пазари.

Дополнително беше заклучено дека соработката и вмрежувањето на платежните агенции од Европа ќе биде врвен приоритет, особено во перидот што следи кога и треба да започне имплементацијата на Заедничката земјоделска политика (CAP 2021 – 2027).

На конференцијата се споделија информации за дополнителната финансиска помош која ја добиваат членките на ЕУ за секторот земјоделство поради зголемените трошоци.

Директорот Никица Бачовски го образложи моделот за дополнителна поддршка за земјоделството кој се имплементира во Северна Македонија преку Интервентниот фонд како пандан на механизмите кои ги превземаат земјите членки на ЕУ.

51-та конференција на директори на платежните агенции од ЕУ се оддржа во Париз, Франција која беше домаќин како земја – претседавач на ЕУ.

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје реализира уште еден проект од големо значење за граѓаните. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање...