spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски го отвори меѓународниот детски фолклорен фестивал "ЦВЕТОВИ" 2022

Кисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски го отвори меѓународниот детски фолклорен фестивал “ЦВЕТОВИ” 2022

Градоначалникот Ѓорѓиевски пред црквата „Св. Еремија“ во Пинтија, го отвори меѓународниот детски фолклорен фестивал “ЦВЕТОВИ” 2022. Во рамки на истиот, учество ќе земат фолклорни ансамбли од цела територија на Република Македонија, гости од Република Романија и Република Црна Гора.

-Голема е мојата чест и задоволство што од тука, од најстарата скопска општина, општината Кисела Вода, започнува еден ваков меѓународен детски фолклорен фестивал. Истиот, веќе 17 години ја претставува Македонија и македонската традиција и култура пред домашната и светската публика, но истовремено е поле каде дефилира разновидност од сите култури, националности, ора, песни и традиции. Афирмацијата и поддршката на македонскиот фолклор се поставени високо на приоритетите на делување на Општина Кисела Вода. Впрочем, наша обврска и како поединци, а посебно како институција е да го сочуваме нашето духовно богатство кое сведочи за постоењето и опстојувањето на македонскиот народ. Во него е содржана историјата, традицијата, верувањата и обичаите. Сето она што не издвојува од другите, ни дава автентичен печат на нашиот идентитет.

Сакам да се заблагодара на ансамблот ”Никола Јонков Вапцаров” за можноста да го отворам меѓународниот детски фолклорен фестивал  “ЦВЕТОВИ” 2022, преку кој 500 дечиња од повеќе земји ќе дознаат за македонската култура и секако, низ песна и оро, ќе ни проговорат за својата традиција, за својот идентитет-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски при отворањето на манифестацијата која во наредните три дена ќе се одвива на повеќе локации низ неколку скопски општини.

По свеченото отворање, публиката уживаше во богата културно-уметничка програма во изведба на повеќе македонски фолклорни ансамбли, како и на играорци од Црна Гора и Романија.

 

 

 

 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...