На јубилејното одржување на манифестацијата „Прв до врв“ на скопската планина Водно присуствуваше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која на најдобрите им додели награди, се заблагодари на сите учесници и го честиташе јубилејното одржување на манифестацијата Прв до врв.
Велосипедската трка започна пред Музејот на град Скопје, а планинската трка пред ОУ Кочо Рацин.
На овој спортско-рекреативен настан годинава учествуваа над 2000 велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти, кои со планинарење, трчање или возење велосипед ја искачуваа планината Водно, и се натпреваруваа кој прв ќе пристигне до врвот. Манифестацијата која секоја година става акцент на зачувувањето на животната средина и годинава се состоеше од два дела, односно натпреварувачки и забавен карактер.
Организатор на трката е Здружението за спорт и рекреација ПРВ ДО ВРВ, а настанот се реализира со поддршка на Градот Скопје преку Програмата за активности во областа на спортот и младите во град Скопје.
Извор: Град Скопје