spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Три училишта ќе бидат дел од регионалниот проект за настава по...

Карпош: Три училишта ќе бидат дел од регионалниот проект за настава по Француски јазик

По повод започнување на проектот (FSPI), за заживување на наставата по француски јазик во образовните системи на земјите од Западен Балкан, во Клубот на пратеници се одржа семинар за промоција на оваа регионална иницијатива.

На средбата присуствуваа Амбасадорот на Франција во РСМ, Сирил Бомгартнер, Министерот за образоваие и наука, Јетон Шаќири, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, како и други видни личности од културниот и политичкиот живот во нашата држава.

 

Министерството за надворешни работи и Европа на Франција го поддржа овој проект, а за неговите цели и ефекти говореше Аташето за француски јазик, Љупка Димова. Имено, проектот се состои од три компоненти кои опфаќаат поттикнување кон избирање на францускиот јазик во претшколските и школските установи, зајакнување на наставата по француски јазик во училиштата преку вмрежување и територијална соработка и промовирање на францускиот јазик како работен јазик, јазик на креација и иновација и развивање на професионален француски јазик. Инаку, на територија на локалната самоуправа во Карпош, регионалниот проект FSPI ќе се реализира во трите основни училишта „Вера Циривири Трена“, „Братство“ и „Христијан Тодоровски Карпош“, во паралелките од 6 до 9 одделение.

 

Во рамки на семинарот стана збор и за отворање на новите перспективи на учениците кои ќе бидат инволвирани во овој проект. Во таа насока, Амбасадорот Бомгартнер и Министерот Шаќири имаа свое обраќање за значењето на франкофонијата и улогата на францускиот јазик во Македонија.

За поддршката на францускиот јазик говореше првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој во оваа пригода истакна дека локалната самоуправа дава силна поддршка на оваа регионална заложба.

 

  • Засега францускиот се изучува како втор јазик во четири од вкупно десет основни училишта на наша територија. Раководството на Општина Карпош има особена почит кон францускиот јазик, култура, историја и народ. Пред 12 години со особено задоволство ја прифатив иницијативата која потекна од француската Амбасада, според која требаше да отвориме детска градинка на француски јазик. Тоа требаше да биде заеднички проект во кој француската Амбасада се обврза да ја обезбеди опремата во градинката, додека пак, Општина Карпош требаше да го изгради објектот. Ние обезбедивме простор и ја изградивме градинката на површина од 650 м2 на централна локација, до градинката „Орце Николов“  во Карпош 3 – објасни Јакимовски.

 

Тој констатираше дека за жал, француската Амбасада се откажала од сопственото учество во оваа претшколска установа и  додаде дека, за проширување на влијанието и употребата на францускиот јазик, најдобро е ако најмладите жители почнат да го изучуваат овој странски јазик  од најрана возраст.

 

  • Токму затоа ве уверувам дека ние како локална самоуправа сме подготвени, се разбира доколку француската Амбасада е заинтересирана, заедно да изградиме една градинка каде што воспитно – образовниот процес ќе се одвива исклучително на француски јазик, во насока на продолжување на соработката меѓу нашите две држави – додаде првиот човек на Општина Карпош.

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...