spot_img

АФПЗРР: Доделени договорите за набавка на системи за наводнување и ископ на бунари

Самостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Доделени договорите за набавка на системи за наводнување и ископ на...

Најчитано

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на настан во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на присутните земјоделци им ги додели договорите за финансика поддршка за мерката за набавка на системи за наводнување капка по капка и конструкција на бунари од Програмата за рурален развој.

Премиерот Ковачевски посочи дека оваа мерка за финансиска поддршка за земјоделците е само една од многубројните опфатени во Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

„Имајќи предвид дека наводнувањето е важен предуслов за конкурентни земјоделски производи, оваа финансиска поддршка е силен импулс за унапредување и модернизирање на земјоделското производство. Тоа за вас е голема придобивка, а со ваквите инвестиции, учествувате во сите наши заеднички активности да го направиме земјоделството еден од клучните двигатели на економскиот раст. Пред сѐ дозволете ми да им честитам на сите претставници на земјоделските стопанства, потписници на договорите за набавка на системи за наводнување од Програмата за рурален развој. Со вашата успешна и одобрена апликација на јавниот повик имате можност да искористите финансиската поддршка набавка на системи за наводнување, опрема, софтвери за управување и контрола на системот за наводнување, градежни зафати за бунари, изработка на студии и елаборати“, порача премиерот Ковачевски.

При тоа премиерот Ковачевски, нагласи дека Владата продолжува да вложува во секој сегмент, во сѐ, што во оваа светска криза ќе придонесе за поголемо домашно производство и поттикнување на економијата.

„Ставаме силен фокус на земјоделството како еден од двигателите на македонската економија. Во услови на една од најголемите светски кризи во поновата историја, Владата прави максимални напори да ги намали трошоците на земјоделците но да го зголеми домашното производство на стратешките земјоделски производи. За прв пат подготвивме „Национален план за производство на храна“ во вредност од 400 милиони денари“, подвлече премиерот Ковачевски и додаде дека Планот содржи интервентни мерки за поддршка на земјоделците, но и мерки кои на среден и на долг рок, придонесуваат од за поголемо производство на земјоделски производи и храна и за намалување на увозот.

„Секое парче обработлива земја го ставаме во функција на зголемување на производството на храна. Со објавување на наменски оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, 6.000 хектари се ставаат на располагање на земјоделците за производство на пченица, пченка, јачмен и сончоглед“, рече премиерот Ковачевски и додаде дека во новиот мандат на Владата распишани се пет јавни повици за поддршка на земјоделците за набавки на трактори, на силоси, на опрема за производство на тутун, за финансиска поддршка за руралните жени и уште за многу други мерки со кои се зајакнува земјоделството и дека покрај светската криза редовно се врши исплатата на субвенциите на земјоделците.

„За прв пат воведовме авансна исплата за овоштарите, а од следната година и за останатите земјоделски гранки. Согласно европските регулативи, со авансната исплата земјоделците ќе ги добиваат субвенциите тогаш кога им се најпотребни, за да имаат исплатливо производство. Освен во финансиска поддршка, континуирано вложуваме и во капиталните проекти, кои се со трајни вредности и на долг рок овозможуваат одржливо земјоделско производство“, заклучи премиерот Ковачевски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски рече дека интересот за овој јавен повик беше многу голем, потпишани се 322 договори со сума од 75 милиони денари.

„Ова е највисока бројка споредено со претходните години, 2016 имало само 25 договори, 2018 потпишани се 41 а денес имаме рекордна бројка од 322 договори. Големиот интерес потврдува дека мерката е успешна, а сите наши заложби за модернизација на агросекторот даваат видливи и мерливи резултати. Од денес, имаме нови 322 земјоделски стопанства кои трајно ќе го решат проблемот со наводнување“, истакна министерот Николовски и објасни дека кофинансирањето изнесува 50% на одобрените трошоци, односно 55% за млад земјоделец, 60% за подрачја со ограничени можности, 65% за млади земјоделци кои имаат производство во подрачја со ограничени можности и 75% во недостапни рурални заедници.

„Ме радува податокот што потпишаните договори се од сите региони, низ целата држава, ќе имаме ефикасно наводнување, а земјоделците ќе имаат рационално трошење на водните ресурси, намалени трошоци, а ќе ги зголемат приносите“, заклучи министерот Николовски.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој Никица Бачовски рече дека Агенцијата истовремено работи на обработка на барањата за субвенции поднесени минатата година, паралелно непречено тече и аплицирањето за програмата за директни плаќања за 2022 година, а веќе тековно се реализраат и исплати од новоформираниот интервентен фонд од којшто се исплати финансиска поддршка за живинарскиот сектор.

„Денес се исплатени и првите 1.000 апликации за субвенционирње на вештачко ѓубриво, а во следниот период ќе следи и исплатата на финансиската поддршка наменета за сточарскиот сектор во делот на предадено јагне во кланичен капацитет и заклани гоеници“, рече Бачовски и најави дека е во тек усогласувањето со Европската комисија на процедурите и постапките за ставање во функција на 120 милиони евра од европскиот фонд за земјоделство и рурален развој – ИПАРД 3.

Системот „капка по капка“ е најмодерна технологија за ефикасно наводнување и зголемување на приносите, која штеди вода, време и пари.

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе