spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплатени над 15 милиони денари преку Програмата за спроведување на интервентен...

АФПЗРР: Исплатени над 15 милиони денари преку Програмата за спроведување на интервентен фонд

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството денеска на сметките на 1048 корисници изврши исплата со вкупен износ од 15.024.433 денари по основ на решенија за финасиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производството на пченица, јачмен, пченка и сончоглед.
Од АФПЗРР појаснуваат дека корисници на оваа подмерка се :
-земјоделски стопанства кои производната 2021/22 имаат засеани површини со пченица,јачмен и пченка како и имаат набавено вештачки ѓубриња за прихрана на посевите во период од 1 Декември 2021 год до 31 Мај 2022,
-земјоделски стопанства кои во производната 2022 год имаат засеани површини со сончогледи и имаат набавено вештачки ѓубриња во период од 1 Декември 2021 до 31 Мај 2022,
-земјоделски стопнаства запишани во Регистерот на снабдувачи на семенски материјал согласно Законот за семенски и саден материјал за мејоделски растенија кои во производната 21/22год имаат засеани површини со пченица и јачмен за производство на сертифициран семенски материјал и имаат набавено вештачки ѓубриња за прихрана на посевите во период од 1 Декември 2021 до 30 Јуни 2022 год.

“АФПЗРР продолжува со имплементација на мерките предвидени во програмата за интервентен фонд во земјоделството. Денешната исплата е во склоп со политиките на Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за издвојување на дополнителна финансиска поддршка во полјоделскиот сектор заради регистрираниот пораст на цените на вештачките ѓубрива. Во следниот период ќе продолжи обработката и исплатата на барањата за субвенционирање на набавка на вештачко ѓубриво, како и финансиската поддршка предвидена за сточарскиот сектор во делот на за предадено јагне во кланичен капацитет и заклани гоеници во кланичен” – информира директорот Бачовски.

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...